речник контакт

Во државен карантин 14 лица од подрачјето на Велес, Градско и Чашка

Се зголеми бројот на лица во изолација во велешко

Петар Печков

На денешната прес конференција Градоначалникот на општина Велес, Аце Коцевски, ја соопшти бројката на жители на општина Велес но и соседните, Градско и Чашка, кои се наоѓаат во државен карантин. тоа се 14 лица, кои се вратиле во земјава по престојот во странство и теи минуваат 15 дена во изолација.  

СВР Велес пак соопшти дека  вчера се  регистрирани се 12 нови лица со Решенија за изолација во Велес со што вкупната бројка се искачи на 100 лица. Во текот на вчерашниот ден нема  нови лица со Изјава за самоизолација, па вкупно има 35 во Велес Од страна на полициски службеници биле  извршени контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што, сите ги почитувале овие мерки, констатираше полицијата.  

Во текот на изминатиот полициски час, велешките полицајци не констатирале лица кои го прекршувале во периодот од 19  до 5 часот наутро.

АНКЕТА »

На што се греете зимава?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »