Петар Печков
Објавено: недела, 05 август 2018
Во еден претходен текст пишував за првиот дуќан во Велес, на Мајсторови каде стигнала и првата топка.. Во овој текст за дуќанот каде се продавала механика.....
Велешкото семејство Мајсторови уште пред еден век на нивните сограѓани им продавале техничка роба од врвен квалитет, германска. И тоа машини за шиење, грамофони, радија, плочи, сијалици. Првата продавница или најстариот дуќан за ваква стока била отворена во далечната 1918-та година, во истата зграда но на неколку метри разлика, каде денес живее Симе Мајсторов еден од наследниците.
Судбински и традиционално македонски, тој го наследил името на дедото кој го започнал тогаш работењето, по денешно ,,бизнисот,,. Дуќанот на Мајсторови е во старото градско јадро на патот кон Долни дуќани, помеѓу стариот Мост, пругата кон Солун и под Градскиот Саат. Старите кепенци и метални заштитници се единствениот показател за времето кое минало. Тука е и стариот катанец кој се вклопува во сликата од пред еден век.
Дедо ми Симон во дуќанот поправал машини за шиење. Ги имале тогаш богатите велешани, чорбаџии кои имале пари, трговците или по денешно газди. Да нема забуни, продавањето на техника одело со нивната поправка. Со време видел дека има интерес па почнал да увезува и продава. За тоа време тоа било скапа работа и луксуз. Потоа почнал да одржува и курсеви за шиење. Имало голем интерес кај жените во Велес, да научат да шијат – објаснува Симон.
Неговиот дедо Симон, биле четири деца. Нивниот татко, прадедото бил Игнат, тој бил ѕидар имал четири сина Тодор, Димитар –Аџијата татко на познатиот актер Борис Мајсторов, Симо и најмладиот бил Стефан. Сите биле занаетчии, Тодор бил мајстор за поправање пушки, Димитар бил чирак кај него. Најмладиот Стефан бил најнадарен за техника, имал работилница за поправка од игла до локомотива, посебно автомобили и камиони. Тој прв умира од браќата во 1945-та кога со сила, бил повика среде зима да попрва автомобил на некој важен лик - командант од Гевгелија, лежел цел ден 12 саати на мраз по што за кратко се разболел од бубрези и починал.
Старите биле занаетчии така и го добиел презимето Мајсторови, оти сите се бавеле со некој занает. Дедо ми Симон успешно заврши четврта година Гимназија или осми клас и бил пратен во Прага да студира. Ама по кратко избива Прва Светска војна и тој се враќа назад. По некое време татко им Игнат се разболува и Симон се вработува во електро -централата на Бабрута. Таму се произведувало струја за велешани. Тој ја вклучувал исклучувал работела од 7 до 10 часот навечер. Работела на камен јаглен, имало парна машина со генератор. Произведувала ниско напонска –еднонасочна струја - додава Мајсторов.
Поради тоа кога го отвора дуќанот започнува да продава сијалици, биле марка ,,Филипс,, и за нив има документи како, од каде и во која количина се порачувани. Тоа било околу 1925-та година. Гореле по 3 часа на ден од 7 до 10ч, со слаб квалитет - имале рок на служење од 100 саати. Струјата дома ја користеле побогатите велешани. Имало светилки од 5, 10 и 15 вати. Тие од пет се користеле за претсобјето а поефикасните за собите. Имале по најмногу по две дома. Се трошело по еден киловат месечно струја, за што се плаќало солидна цена. Како времето минува во Велес стигнуваат и новите дострели на техниката. Граѓанската класа која била доста силна во градот, кој имал јаки трговски врски со Европа сака да ги има новитетите дома. Затоа во дуќанот на Мајсторови се носат машини за шиење, радио, грамофони, плочи..
Првото радио кое е донесено во Велес е од татко ми, а го купува Алексо Левков. Чинам дека е Телефункен германска марка, потоа се продавале и марки ,,Филип,, ,,Грундинг,,. Се е набавено од Германија. Ги имам сочувано банкарските записи со кои дедо ми, гарантирал дека има пари, за да ја добие робата и дека ќе ја плати во одреден рок. Ако не` со овие записи му ги земат парите кои ги оставил како гаранција. Грамофоните кои се продаваа биле марка ,,Солинген,,. Тоа се оние, старите со инка, со навивање на 23 или 33 вртења во минута. Имаме турски плочи и тоа се продавало, имаше класика и турски песни, тие два жанра тогаш се барале со мала или голем инка за каков звук сакаш, големите инки биле поскапи. Се нуделе и специјални игли кои на 10 плочи се трошеле – објаснува Симон, кој дома се уште чува од тие грамофони и тогашните плочи.
Вели дека неговиот дедо така научил и да поправа радија, грамофони.. Првиот фрижидер бил донесен во Велес и продаден токму од ,,Мајсторчињата,,. Се случило околу 1935-та преку битолски трговец бидејќи неговата сопруга и сопругата на дедо му Симеон, биле сестри, па така првиот ,,создавач на мраз,, стигнал во Велес.
Помладиот Симон, соговорникот, додава дека татко му Игнат, единствен останал мајстор и работел, поправал машини за шиење, потоа машини за чукање, прецизна механика, другите негови братучеди биле доктори, инженери, судии.
Tweet |