Петар Печков
Објавено: четврток, 25 август 2022
МВР соопшти дека во вторникот попладне, кај затвореник oд затворот во Велес била пронајдена дрога.
„На 23 август околу 15.30 часот во СВР Велес, од Казнено -поправната установа Затвор Велес било пријавено дека кај затвореникот Ј.Н.Л.(26) од Неготино било пронајдено едно пакување хероин. Полициски службеници од крим полиција при СВР Велес извршиле увид, а дрогата била одземена за понатамошна постапка“ - информираа од МВР.
Од полицијата додаваат дека по целосно документирање на случајот ќе следи соодветна пријава.
Tweet |