речник контакт

Во кавадаречкото село Крушевица изгорела штала со говеда и бали слама

Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица од Кавадарци

Петар Печков

Вчера утро, понеделник, во кавадаречко село, изгорела штала со бали слама и десет грла говеда. Информацијата е од СВР Велес.

„На 8 јули во 07.55 часот во ОВР Кавадарци, К.Н.(56 год) од село Крушевица, росоманско, пријавил дека во неговата штала во село Крушевица настанал пожар, при што биле опожарени бали детелина и слама и 10 грла добиток. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијална противпожарна единица Кавадарци, а повредени лица нема“ – соопшти Биљана Ѓаковска, портпарол на СВР Велес.

Пожарот бил локализиран со  четири возила и шест пожарникари  од ТППЕ Кавадарци.

Увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Кавадарци.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »