Петар Печков
Објавено: петок, 04 февруари 2011
Во касарната „Алексо Демниевски- Бауман‘‘ во Велес денеска свечена заклетва даде уште една јануарска класа војници на доброволно служење во АРМ.
На свеченоста се обрати и им го честита чинот на заклетвата полковник Љупчо Костовски, командант на Командата за обука на велешката касарна.
Тој нагласи дека тие - младите војници се столбот на АРМ од кои потоа се регрутираат нови припадници на служба во АРМ што е и законска обврска да отслужат доброволен воен рок.
Во оваа јануарска генерација воениот рок односно основната воена обука во наредните три месеци ќе ја служат 94 млади војници, од кои неколку девојки.
Центарот за Индивидуална Обука (ЦИО) во склоп на Командата за обука на велешката касарна е единствен ваков центар за обука на млади војници во АРМ во земјава.
Tweet |