Петар Печков
Објавено: недела, 16 август 2015
Светската туристичка организација на ОН (UNWTO) спроведе истражување за тоа колку туристи во текот на годината посетуваат одредени делови од светот.
Според „Business Insider“, тешко е да се одреди точниот број кога е во прашање оваа тема затоа што различни држави на различни начини ги пресметуваат туристите. Некои ги бројат само оние кои во земјата доаѓат со авион, други бројот на луѓето кои претстојуваат во хотелите и слично.
Според податоците собрани од страна на UNWTO, најмалку луѓе ја посетиле Република Науру, мала островска држава во Микронезија. Зошто? „Business Insider“ пишува дека на целиот остров се наоѓаат само два хотели и дека живеат помалку од десет илјади луѓе. Површината на државата изнесува околу 21 километар, а во 2013 година таа примила само 160 туристи. Веднаш под Науру, на списокот е Сомалија со 400 туристи годишно, Тувал со 1.200 и Маршалски острови со 4.600 посетители.
Список на земји кои се посетени од најмал број туристи:
1. Науру – 160 туристи
2. Сомалија – 400 туристи
3. Тувал – 1.200 туристи
4. Маршалски острови – 4.600 туристи
5. Јужен Судан – 5.500 туристи
6. Екваторијална Гвинеја – 5.700 туристи
7. Кирибати – 6.000 туристи
8. Либија – 6.250 туристи
9. Гвинеја Бисао – 7.500 туристи
10. Туркеменистан – 8.697 туристи
11. Сао Томе и Принципе – 10.000 туристи
12. Авганистан – 13.300 туристи
13. Коморос – 21.000 туристи
14. Либерија – 24.000 туристи
15. Соломонови Острови – 24.400 туристи
16. Мавританија – 35.000 туристи
17. Сојузна Држава Микронезија – 35.000 туристи
18. Сиера Леоне – 44.000 туристи
19. Тонга – 45.000 туристи
20. Гвинеја – 56.000 туристи
21. Лихтенштајн – 60.000 туристи
22. Џибути – 63.000 туристи
23. Ст. Винсент и Гренадини – 71.000 туристи
24. Централноафриканска Република – 71.000 туристи
25. Источен Тимор – 78.000 туристи
Tweet |