речник контакт

Во кои цркви ќе има саботна богослужба за Велигден во Велес

Познати се вечерните термини за одржување на свечена литургија за Велигден

Петар Печков

Велешкото архијерејско намесништво при Повардарската Епархија на МПЦ-ОА на нивната веб страница информираше каде ќе има богослужби, во кои цркви, во сабота навечер за Велигден, но и за деновите потоа.

19.04.2025 год.  Велика Сабота - вечер - ВЕЛИГДЕН - Света Златоустова Литургија во црквите „Св. Вознесение Христово“, „Св. Јован Крстител“, „Св. Кирил и Методиј“ и „Св. вмч. Пантелејмон“, каде што ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Повардарски г. Агатангел со почеток во 23:00 часот.

20.04.2025 год. Воскресение Христово - ВЕЛИГДЕН Света Златоустова Литургија во црквата „Св. Богородица“ со почеток во 07:30 часот и Вечерна служба на Второ Воскресение - читање на Воскресенското Евангелие на разни јазици во црквата „Св. Кирил и Методиј“, каде што ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Повардарски г. Агатангел со почеток во 09:00 часот

24.04.2025 год. СВЕТОЛ ЧЕТВРТОК Празнична Вечерна богослужба во манастирот „Св. вмч. Димитриј“, каде што ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Повардарски г. Агатангел со почеток во 18:00 часот.

25.04.2025 год. ИСТОЧЕН ПЕТОК - БАЛАКЛИЈА Света Златоустова Литургија со Воскресенски Водосвет во манастирот „Св. вмч. Димитриј“, каде што ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Повардарски г. Агатангел со почеток во 08:15 часот.

АНКЕТА »

Дали имаше реални попусти за „црниот петок“?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »