Петар Печков
Објавено: сабота, 17 март 2018
Финците се најсреќни луѓе во светот, покажува истражувањето на ОН спроведено во 156 држави, додека Македонија се најде на 76-то место.
Норвешка, која минатата година била прва, сега е на второ место, а меѓу десетте најсреќни земји во светот се: Данска, Исланд, Швајцарија, Холандија, Канада, Нов Зеланд, Шведска и Австралија.
Извештајот ги рангира земјите по шест клучни фактори што придонесуваат за степенот на среќата: приходи, слобода, доверба, очекуван животен век, социјална поддршка и великодушност.
Топ петте земји скоро сите имаат еднакво високи вредности за шесте клучни фактори, што влијаат врз среќата. Четири од овие пет земји, Данска, Швајцарија, Норвешка и Финска, се на врвот уште од првиот извештај за глобалната среќа. Америка падна на 18-то место, од 14-то во 2017 година.
Релативно хомогената Финска има околу 300.000 странци и жители со странски корени, од вкупно 5.5 милиони луѓе. Нејзините најголеми имигрантски групи доаѓаат од други европски земји, но постојат заедници од Авганистан, Кина, Ирак и Сомалија.
Џон Хеливел, ко-уредник на Светскиот извештај за среќа и професор по економија на Универзитетот во Британска Колумбија, истакна дека сите топ 10 земји постигнале највисок резултат во целокупната среќа и среќата на имигрантите. Тој изјави дека среќата на едно општество се чини како да е заразна.
„Највпечатливото откритие на извештајот е извонредната конзистентост меѓу среќата на имигрантите и луѓето родени во земјата“, вели тој.
Меик Викинг, извршен директор на истражувачкиот институт за истражување на среќата во Копенхаген, рече дека петте нордиски земји што во секој извештај се рангираат високо, создаваат добри услови за добар живот на жителите. Тој рече дека среќата откриена во истражувањето произлегува од личната слобода и социјалната сигурност ги надминуваат највисоките даноци што ги имаат овие земји.
„Едноставно кажано, нордиските земји се добри во конвертирање на богатството во благосостојба“, вели Викинг.
Од Балканските земји,Словенија е 51-ва, Романија 52-ра, Србија се најде на 78-то место, Грција 79-то, , Црна Гора на 81-во, Хрватска на 82-ро и Босна и Херцеговина на 93-то место, Бугарија е 100-та а Албанија 112-та
Tweet |