речник контакт

Во крводарителка акција собрани 36 крвни единици, повеќе од оваа бројка вратени лица поради тоа што биле вакцинирани против ковид-19

Ова беше вонредна крводарителска акција, поради недоволниот број крвни единици

Петар Печков

На денешната крводарителка акција, собрани се 36 крвни единици, од кои еден е првократен.  Организатор беше Општинската организација на Црвен крст од Велес заедно со Институтот за трансфузиона медицина од Скопје. Таа се спроведе во просториите на Ликовниот салон.

Ако пред три месеци, на Денот на Црвениот крст на 17-ти март, во крводарителска акција, терминот беше продолжен поради големиот интерес, денес имашe друга слика.

„Задоволни сме од одѕивот, бидејќи повеќе од бројот на крводарители имаше лица кои беа вратени. Тие сите беа вакцинирани со кинески „Синофарм“ и поред протоколите за работа, мора да мине 28 дена од нивната втора вакцина, па да даруваат крв и денес  не можеа да даруваат “- кажа Орце Николов, секретар на ОО на Црвен Крст Велес.  

Ова е прв пат да се организира крводарителска акција во јуни, а причината  е поради недоволниот  број на крвни единици и истата беше вонредна.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »