Петар Печков
Објавено: сабота, 14 август 2021
Во населба Градско денес, сабота, се одржа крводарителска акција. Крводарителите од Општина Градско повторно ја покажаа нивната хуманост.
На крводарителската акција се собраа 35 крвни единици. Тројца од дарителите за прв пат даруваа крв.
Акцијата заеднички ја реализираа Црвен крст на РСМ Општинска организација Велес и Институтот за трансфузиона медицина.
Недела и понеделник 15 и 16 август, од 7:30 до 14:30 во просториите на Ликовен салон во Велес ќе се одржи традиционалната летна крводарителска акција.
Tweet |