Петар Печков
Објавено: сабота, 08 август 2020
На крводарителската акција која се одржа во Домот на културата во Градско, собрани се 48 крвни единици. Поголем дел од крводарителите - 40 беа мажи, а останатите осум беа жени. Тројца од нив за прв пат даруваа и станаа дел од најхуманото семејство во државата.
Жителите од Општина Градско, денеска повторно ја покажаа нивната хуманост. Бројката на 48 дарители е исклучително висока ако се има во предвид фактот дека се работи за крводарителска акција во летен период од годината, во една од најмалите општини која брои само околу 3500 жители - изјави Орце Николов секретар на ОО на Црвен крст Велес.
Крводарителската акција заеднички ја организираа Црвен крст на РСМ Општинска организација Велес и Институтот за трансфузиона медицина од Скопје. Следна е дводневната голема летна крводарителска акција на крајот од неделата во Велес, на 13-ти и 14-ти петок а на 21-виа е закажана во Чашка, за денот на Општината.
Tweet |