Петар Печков
Објавено: вторник, 15 декември 2020
По повод Денот на Општина Градско, во населбата се одржа крводарителска акција. Крв даруваа 57 крвни жители. На акцијата 42-ца од дарителите беа мажи, а 15 жени. Петмина даруваа за прв пат и станаа дел од најхуманото семејство.
И оваа акција заеднички ја организираа Црвен крст Општинска организација- Велес и Институтот за трансфузиона медицина од Скопје, помогнати од Општина Градско.
На двете крводарителски акции кои се реализираа во 2020 година а се одржаа во домот на културата Крсте Петков Мисирков, во Градско се собрани вкупно 105 крвни единици.
Заклучно со месец ноември, во велешко, заедно со општините Градско и Чашка собрани се 3.059 кривни единици а планот е 1.861 крвна единица. Или натфрлен e во овие ковид-услови.
Tweet |