Петар Печков
Објавено: недела, 10 декември 2023
По повод денот на Општината Градско, 16 декември, во населбата се одржа крводарителска акција.
„Крводарителите од Градско и останатите населени места во општината одново се потврдија како едни од најхуманите во државата. На денешната акција даруваа рекордни 110 крвни единици. Досега на една акција најмногу се донираа 78“ - соопшти Орце Николов секретар на ОО на Црвен крст Велес.
Крводарителската акција заеднички ја реализираа ОО Црвен крст Велес и на РСМ Општинска организација Велес и Институтот за трансфузиона медицина од Скопје
фото ФБ/ ОО Црвен крст Велес
Tweet |