Петар Печков
Објавено: сабота, 11 декември 2021
На акцијата која се одржа по повод Денот на општината 16-ти декември, крводарителите од Градско и околните населени места одново ја докажаа нивната хуманост. Дарувани се рекордни 78 крвни единици, претходно рекордот беше 75. Осуммина од дарителите даруваа за прв пат и станаа дел од нахуманото семејство во земјата.
Крводарителската акција заеднички ја реализираа Општинскиот Црвен крст на Велес и Институтот за трансфузиона медицина од Скопје, помогнати од Општина Градско
Ова беше трета крводарителска акција во 2021 година одржана во Градско. Крводарителите од општината, во сите три даруваа вкупно 186 крвни единици.
Tweet |