Петар Печков
Објавено: четврток, 30 мај 2024
Во населба Чашка се одржа традиционалната крводарителска акција. Жителите од општината ја покажаа својата хуманост и донираа 19 крвни единици. Двајца од дарителите дарувале за прв пат и станаа дел од најхуманото семејство во државата.
Акцијата заеднички ја реализираа Општинската органзиација на Црвен крст на Велес и Институтот за трансфузиона медицина од Скопје, помогнати од Општина Чашка и ОУ Тодор Јанев.
Во Чашка годинаваа ќе има уште една крводарителска акција, за денот на Општианта, во август.
Tweet |