Петар Печков
Објавено: четврток, 24 декември 2020
Во денешната крводарителска акција, која беше во чест на патронатот на ОУ Блаже Конески, беа собрани 44 крвни единици. Неа традиционално како дел од обележувањето на патрониот ден, ја организира училиштето заеднички со Општинскиот Црвен крст од Велес.
Од 44 крвни единици, 15 беа дарувани од на жени, 29 од мажи и петмина првократни дарители а се спроведе во Ликовниот салон.
Даруваа вработените во училиштето, родителите на учениците, но и останати граѓани кои сакаат да дадат поддршка и придонес за зачувување на јавното здравје.Ова е една од поуспешните крводарителски акции на училиштето. Со неа заврши годината која и покрај ковид заразата и состојбата е повеќе од успешна - рече Орце Николов секретар на ОО Црвен крст Велес.
Заклучно со месец ноември, во велешко, заедно со општините Градско и Чашка собрани се 3.059 кривни единици а планот е 1.861 крвна единица. Или натфрлен e во овие ковид- услови.
Tweet |