Петар Печков
Објавено: среда, 20 декември 2023
По повод патрониот празник, во ООУ „Блаже Конески“ се одржа традиционалната крводарителска акција. На истата даруваа вработените во училиштето и родителите на учениците.
„Акцијата помина успешно и се донираа вкупно 17 крвни единици. Тројца од дарителите даруваа за прв пат и станаа дел од најхуманото семејство во државата“ - информира Орце Николов, секретар на ОО Црен крст Велес.
.Ова е традиционална акција која Црвен крст на РСМ Општинска организација Велес и ООУ „Блаже Конески“ ја реализираат над 15 години.
Денешната е последна 27-ма крводарителска акција за 2023 година.
Tweet |