Петар Печков
Објавено: вторник, 30 ноември 2010
Со донесувањето на Деталниот Урбанистички план за Урбана заедница 7, блок 42, започна реализацијата на најавите. за изградба на станови наменети воени лица, офицери и граѓански лица на служба во АРМ
Просторот опфаќа дел до Касарната Алексо Демниевски Бауман. Советниците на општина Велес го изгласаа со што на 3,35 хектари треба да никне нова станбена населба, во која ќе живеат воени лица офицери и граѓански лица на служба во АРМ. Примерок од ДУП се изложува во просториите на Општина Велес за достапност и увид на јавноста. За ова решение согласност даде Министерството за транспорт и врски - Скопје
Tweet |