Петар Печков
Објавено: вторник, 24 октомври 2023
Во првата футсал лига, екипата на КМФ Кеги моби загуби дома со 5:9 од екипата на КМФ Бутел и по три кола во Првата лига има една победа -реализирана на гости и два порази на домашен терен.
Во Трета лига Југ се одигра месното дерби но и дерби според пласманот, играа ФК Превалец и ФК Борец, првопласираните две екипи на табелата. Натпреварот заврши без голови 0:0. Овој резултат им овозможи на екипата на ФК Големо Коњари да се најдат на врвот со 12 бода а по 11 имаат ФК Борец и ФК Превалец. Во следното коло на Градски играат ФК Борец и ФК Големо Коњари, додека ФК Превалец гостува во Прилеп кај ФК Ултрас кој е претпоследен на табелата со 6 бода. Исто толку има и ФК Локомотива од Градско, која ова коло беше слободна а во следното игра со ФК Питу Гули од Крушево, кој е сосед на таблата со исто така 6 бода.
Женската екипа на ЖФК Борец забележа уште еден пораз, овој пат на домашен терен, од 0:6 со екипата на ЖФК Плачковица. Велешанки по шест кола, остануваат шести со 4 бода а во последното есенско коло на Втората лига гостуваат на екипата на ЖФК Порече, која е последна без освоен бод.
Се одигра второто коло од Општинска фудбалска лига Велес.
Постигнати се следните резултати
ФК Башкими - ФК Мартолци 2:0
ФК Согле - ФК Горски 1:0
ФК Чашка - ФК Тополка 6:1
ФК Форца нова - ФК Бабуна 1:3
ФК Младост - ФК Илинден 0:3
слободна беше екипата на ФК Богомила
во третото коло играат:
ФК Тополка - ФК Форца нова
ФК Илинден - ФК Чашка
ФК Мартолци - ФК Согле
ФК Богомила - ФК Башкими
ФК Горски - ФК Младост
слободна екипата на ФК Бабуна
фото ФБ/ ФК Превалец
Tweet |