Петар Печков
Објавено: среда, 08 април 2015
Цел месец март, вработените од ЈКП Дервен го собираа габаритниот отпад од домовите на велешани. И тоа бесплатно. Во оваа пролетна акција собрани се 55 м3 цврст отпад а велешките комуналци ја оценуваат како успешна. Најавуваат дека ќе продолжи и по Велигден.
Акцијата за собирање на габаритен отпад ја оценуваме како успешна. ЈКП Дервен одговори на сите примени барања од граѓаните, при што беа собрани 55м3 габаритен отпад. Со оглед на тоа дека во пресрет на Велигденските празници луѓето традиционално вршат пролетно чистење на домовите, акцијата ќе продолжи до крајот на празниците - велат од ЈКП Дервен.
Во габаритен отпад спаѓаат: делови од мебел, душеци, дрвена амбалажа, столарија, пластични сандаци, гајби, алатки, стари велосипеди, пружини, радијатори и санитарни елементи.. Пријавувањето е на тел: (043)233-768 во РЕ Комунална хигиена, секој работен ден од понеделник до петок од 07.до 14 часот, и во сабота од 7 до 12. часот.
Годинава е четврта како се спроведува оваа акција. Изминатите три просечно се собирале по 50 м3 во текот на еден месец. Годинава се сборани нешто повеќе над просекот.
Tweet |