речник контакт

Во месец март премиера во Велешки театар, гостување на детска претстава

Ќе се одиграат и шест претстави од матичната сцена со девет изведби

Петар Печков

Премиера, едно гостување во Велес и шест претстави се на репертоарот на велешкиот театар „Јордан Хаџи Константинов Џинот“. 

Премиерата на претставата „Тестостерон“ е закажана за 27 март, светски ден на театарот, која ќе се одигра и следниот ден. Гостувањето е на детската претстава „Чудесниот напиток“ на театарот Златен елец. Авторска приказна за еден чудесен ден на младите волшебници, инспирирана од познатите серии книги и филмови за училиштето за магии.

Од матичната сцена се играат претставите „Не можеме да платиме, нема да платиме“ во три наврати 10-ти, 14-ти и 18-ти март, во два наврати „Мало невино убиство“ на12-ти и 17-ти март и по еднаш „Синиот портокал“ на 5 март четврток, „Госпоѓа министерка“ на 6-ти март -петок,  „Вечера за глупаци“ на 13 март петок и „Мајка“ утревечер вторник 3-ти март.

АНКЕТА »

Дали на Велес му се потребни камерите за „безбеден град“?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »