речник контакт

Во месец февруари четири претстави, гостувања на сцената на велешки театар

Во два термини ќе биде прикажан и „Инферно“,чии сите пет прикажувања досега беа распродадени

Петар Печков

Велешкиот народен театар „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ го објави репертоарот за месец февруари. Во следните четири седмици дури четири гостувања на сцената на театар.

Веќе в сабота, е танц перформансот „Вртоглавица“ .Среда на 15 февруари е монодрамата на Ѓорѓи Јолевски  „Последната лента на крап“. На 23 февруари е „Госпоѓица Јулија“  Претставата по текст на Аугуст Стриндберг, а во режија на Мето Јовановски а настапуваа: Марија Кондовска, Андреј Серафимовски и Сандра Темова. На 25 февруари гостува Народен театар од Куманово со претставата „Лето во кое те нема“. Претстава за љубовта, за пријателството, но и празнината што ги оставаат љубовта и пријателството. Претставата „Лето во кое те нема“ е правена според истоимениот роман на Петар Андоновски, а во режија на Драгана Гунин.  Во претставата играат актерите Марко Трајковиќ, Марко Богдановски, Ангела Стојановска и Игор Трајковски.

Од претставите кои се дело, продукција на велешки театар овој месец ќе бидат прикажани на 10 и 11 февруари, грандиозната „Инферно“ на Дејан Пројкоски“ чии досегашните пет прикажувања беа распродадени,  „Четири соби“ на Синиша Ефтимов на 16 февруари, „Слуга на двајца господари„  од Ненад Витанов на  24 февруари, „Татко“ од Ненад Витанов  на 7 и 17 февруари, „Синиот портокал“  од Александар Ивановски на 21.02 и „Сара“ на Елеонора Теова  28 февруари. 

АНКЕТА »

На што се греете зимава?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »