речник контакт

Во месноста Шорка откриен насад со марихуана

Откриени се 45 стебла марихуана

Петар Печков

Претпладнево велешката полиција открила насад со марихуана. Таа била засадена на површина, која нема сопственик и далеку од очите на јавноста.

На 14.08.2019 од страна на полициските службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје во месноста викана „Шорка“, во непосредна близина на Велес, пронајдени се 45 стебла марихуана - информираше МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, откривање на сопственикот и одгледувачот на марихуаната.

Пред три години во околината на село Клуковец беше понајаден насад со 191 стебло марихуана, но одгледувачот/те не неа откриени.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »