Петар Печков
Објавено: четврток, 19 април 2018
СВР Велес информираше дека вчера, среда напладне, куче скитник каснало минувач во населба Превалец.
На ден 18.04.2018 г. околу 11.30 ч. на ул.„Ристо Попов“, во близина на Фабриката за вар, во населба Превалец, од страна на куче скитник, непозната раса, билo нападнатo и каснато за нога лицето Д.З.(31) од Велес. Во ЈЗУ Општа болница – Велес на лицето му е укажана медицинска помош - стои во соопштението на велешката полиција.
Ова е втор слоучај за седум дена како куче скитник каснува минувач. Во петокот на 13 април идентичен случај беше регистриран на улциа Шефки Сали, кога минувач бил нападнат од глутница кучиња од пет а едно го каснало.
Tweet |