Петар Печков
Објавено: четврток, 15 јули 2021
Денес четврток, теренската вакцинација се изведе во велешкото село Ораовец и во населба Чашка. Вакцинирани се вкупно 110 лица, од нив сто во Чашка и 10 во Ораовец.
„Денешната теренска вакцинација за заштита од ковид-19 ја оценуваме како успешна.Имаше голем интерес, сите тие се вакцинирани со кинеската „Синовак“ и добија за втора доза за 21 ден“ кажа д-р Пандели Божиков, од Здравствен дом Велес, кој со екипа од оваа здравена институција беше на терен.
Во однос на вчерашните реакции дека во село Мелница, каде се вакцинираа само седум лица, иако имало голем интерес, но екипата си заминала за кратко време од селото од Здравствен дом објаснуваат дека дошле во терминот кој бил посочен и тој ден требало да посетат уште две села.
„Екипа престојуваше 90 минути да дојдат пациенти. Дури и оџата до џамијата ги повикал жителите да се вакцинираат. По овој повик тие престојувале уште половина час а кога никој не дошол и не се појавил, продолжиле за следното село# - велат од Здравствен дом.
Утре, петок за теренска вакцинација на ред се населените места Долно Врановце, Стари град и Извор .
Во текот на денешниот ден со прва доза, без закажан термин, во зградата на Уред вакцинирани се 85 лица со „Синовак’ или вкупно за четири дена од понеделникот, кога се работи во овој вакцинален пункт вкупно 335. Во вакциналниот пункт во спортска сала на УЗУС се пушта втора доза Синовак.
Tweet |