Петар Печков
Објавено: понеделник, 20 февруари 2012
Четири тешки ркажби и шест обиди за кражби регистрирала велешката полиција во неделата ноќ. Од игротека Дизни, продавнциите Кеби мобил, Каја трејд и Агрија украдени се пари и стока.
Крадците однеле сувомесни производи, мобилни телефони, фотопарат, бор машини и пари во готово кои биле во касата. Продавнците се на различни делови од градот, на 8-ми септември, Алексо Демниевски Бауман и Петре Прличко.
Истата вечер крадците, се обиделе да влезат и во шест други дуќани, книжарници, мобиларници, продавници за колонијал, но нивните обиди не биле успешни.
Од СВР Велес веруваат дека сите овие се дело на една иста група сторители за кои се трага. Ова не е ваков прв случај, пред еден месец на главната градска улица беа ограбени седум дуќани.
Tweet |