Петар Печков
Објавено: понеделник, 09 октомври 2023
Неделата попладне, кај селото Каратманово, моторист удрил во стадо овци, кое го преминувало патот и се здобил со тешки лесни повреди. Префрлен е на Клиники во Скопје
„На 08 октомври во 16.30 часот во Полициската станица Свети Николе било пријавено дека на магистралниот пат Велес -Штип, клучка за село Каратманово, мотоцикл „сузуки“ со светиниколски регистарски ознаки, управуван од Д.А.(36 год) од село Ерџелија, светиниколско, удрил во овци кои преминувале преку патот и паднал“ - соопштија од МВР.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Општата болница Велес.
„Примено е лице од сообраќајна несреќа. При прегледот констатирана е скршеница, ноќеска останало на набљудување на хирургија а утрово поради дополнителни претраги и снимања, пратено на Клинички во Скопје“ - кажа д-р Елена Левкова Ќулумова, задолжена за односи со јавност во Велешка болница.
Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Свети Николе.
фото илустрација
Tweet |