Петар Печков
Објавено: понеделник, 13 мај 2013
Двата државни Универзитети ги распишаа конкурсите за упис во новата студентска година која започнува наесен. Со нив во Велес има 420 слободни места, лани имаше 690. Во утврдувањето на структурата на слободните места кои се финансираат од Буџетот на Република Македонија, внимание е посветено на струките кои се дефицитарни на пазарот на трудот во земјава, струки кои според анализите претставуваат занимања кои ќе бидат актуелни и барани во иднина.
На Универзитетот Св. Кирил и Методиј има 160 слободни места на два факултети кои ќе одржуваат диспензирана настава во Велес. 80 слободни места на Економски факултет диспензирана настава по сметководство и ревизија, од кои 40 се за редовни со надомест од 100 евра, редовни со кофинасирање 20 со надомест од 100 евра, вонредни се 20 со 400 евра надомест. Овие студените настава ќе посетуваат во Економското училиште во попладневните часови.
Упис има предвидено и за 80 студенти на Земјоделски факултет диспензирани студии по винарство и лозарство. 40 места се за редовни со надомест од 100 евра, 20 се редовни со кофинасирање со надомест од 100 евра, вонредни се 20 со 400 евра надомест. И минатата година имаше предвидено упис на студенти на овие земјоделски насоки во Велес, но немаше интерес.
На Универзитетот С. Климент Охридски од Битола има 260 слободни места на три факултети. На Техничко –технолошкиот факултет кој има седиште во Велес ќе се запишат 140 студенти, по 70 во насоката прехранбена технологија и биотехнологија, и на нутриционизам. Редовни и на двата факултети се по 40 студенти со 200 евра партиципација, 20 се со кофинасирање од 400 евра и 10 се вонредни со 400 евра надомест.
На Техничкиот факултет отсек информатика и компјутерска техника диспензирана настава Велес ќе се запишат 80 студени, 40 редовни со сто евра учество, 20 со конфинасирање од сто евра и 20 вонредни со 400 евра надомест. На Факултетот за туризам и угостителство од Охрид наесен во Велес ќе има диспензирана паралелка хотелско ресторански менаџмет со 40 студенти. 20 се редовни со учество од 100 евра, 10 со кофинасирање од сто евра и десет вонредни со надомест од 400 евра.
Уписите и на двата универзитети се на 15/16 август, 03/04 септември и ако останат слободни места на 17 септември.
Tweet |