Петар Печков
Објавено: петок, 28 декември 2018
Во периодот од 1 ноември до 1 декември годинава, Општина Велес и ЈКП „Дервен“ ја спроведоа годишната еко акција за собирање на електричен и електронски отпад. Таа се одржа по четврти пат и годинава собрани биле 2,86 тони е-отпад.
Во акцијата се собрани 47 телевизори, 233 делови од компјутери, 157 телефони, 36 компјутери, 14 монитори, 3 фрижидери, 3 бојлери, 2 греалки, 108 полначи за телефон, 6 радио касетофони и голем број останати апарати и електрична опрема од домаќинствата. Во акцијата од институциите најголеми количини електронски отпад предаде ООУ „Блаже Конески“, а од правните лица компаниите „Жито“ и „Димко Митрев“ АД Велес - велат од локалната власт.
Отпадот во количина од 2,86 тони е предаден на овластениот колективен постапувач „Нула отпад“ ДОО Скопје за понатамошно постапување.
Tweet |