Петар Печков
Објавено: петок, 11 март 2016
Седум лица се уапсени а одземени се 11 м3 огревно дабово дрво, шест автомобили и едно комбе во ноќната акција на Шумската полиција, СВР Велес и Шумското Стопанство Бабуна. Акцијата е спроведена во четвртокот навечер на теренот на планината Дервен на стариот пат Велес - Прилеп а сторителите биле прилепчани.
Во акцијата одземени се 11 м3 огревно дабово дрво, шест автомобили, три моторни пили, едно комбе ,,застава,,. Седум лица се лишени од слобода, сите прилепчани и се на возраст од 15 до 43 години - изјави Анита Стојковска портпарол на СВР Велес, на заедничката прес конференција со шумската полиција.
Ова е трета голема заедничка акција за два месеци на истиот терен, кој е често мета на пустошење на дрвокрадци. Таа најави дека против сторителите ќе бидат поднесени соодветни кривични и прекршочни пријави за шумски кражби, пустошење на шуми и бесправен превоз на огревни дрва. Акцијата била мошне напорно да се изведе оти теренот бил тежок, вечерта дождлива а дрвокадците давале отпор. Ноќта имало и истрели, со цел да се дициплинира групата, која се обидела да оштети едното од возилата на Шумската полиција.
На лице место затекнати се неколку групи дрвокардци во против правна сеча на дрвја а вкупно броеја помеѓу 30 до 40 лица. Даваа и пасивен отпор, поради што моравме да истреламе во воздух три истрели. Некои од нив се обидоа да го оштетат и нашиот џип. Лицата кои беа затекнати се стални нарушители на законот, познати на нас. Дрвото го продаваат на црниот пазар во Прилеп - изјави Горан Тодоров командир на Шумската полиција Велес.
Во акцијата учестувале 14 шумски полицајци и 5 од СВР Велес а се одвивала во терминот од 20 до 2 часот полноќ на планината Дервен на стариот пат Велес - Прилеп, помеѓу селата Степанци, Смиловци и Поменово.
Tweet |