Петар Печков
Објавено: петок, 14 март 2014
Само со мудрост и единство ќе се надмине проблемот со Грција, која и не стои зад барањето за промена на името. Ова беше кажано н вечерашнава трибина ,,Во одбрана на името,, на Македонскиот манифест, која во Велес се одржа со помош на Владиката Агатангел и Повардарската Епархија на МПЦ- ОА.
На неа неколкумина интелектуалци, книжевни автори, дипломати настапија со свои ставови околу проблемот кој Македонија го има со соседот Грција околу нивното барање за промена на името. на неа учество земаа Александар Русјаков на тема - целите на Македонскиот Манифест, Ефтим Клетников на тема - Македонија и Македонците во Библијата, потоа Стефан Влахов Мицов на тема - Континуитетот на Македонците и идентитетот од антиката до денес и Ристо Никовски на тема - Меѓународниот фактор и името. За дипломатот Ристо Никовски зад овој проблем не стои Грција туку САД.
Грција освен блокадата од 93-та до 95-та нема нешто друго лошо направено за Македонија. Нејзините барања се всушност на Америка и големите сили Франција, Велика Британија, Германија кои уште од Букурешкиот договор сакаат да ја уништат како поим. Грција не е толку моќна да може да ги надвладее 28-те членки. Дека Грција е нашиот условно речено душман, не е точно. Не е само прашањето само за името. Не ги знам нивните причини на Америка, Франција, Британија, Германија, размислувања зошто како народ не не прифаќаат со векови. Не заборавете дека Американците владеат со Балканот и ние, овој поширок простор за нив сме само една парохија. Нивни пријатели се Албанците и им даваат се а за тоа им враќаат – рече дипломатот Ристо Никовски.
За писателот Ефтим Клетников Македонија и Македонецот се избраниот народ посред апостол Павле и Новиот Завет, како што Евреите е се избран народ според Стариот завет. Писателот Стефан Влахов Мицов зборуваше за интересите.
Нема ништо со некаква љубов, дека некој некого сака или не. Постои само интерес. Ние треба да го погодиме моментот кога ќе бидеме интересни за тие што решаваат. И тогаш да се изработи, се што подоцна ќе се случи е отпосле и изгубена шанса. Треба да го чекаме тој момент. Кога ќе бидеме интересни, да успееме да го реализираме, се друго е непродуктивно работење - рече Мицов. За авторот Русјаков промената на името е илузорна работа.
Македонскиот манифест се бори против притисоци да се откажеме од сопствениот име и идентитет. Дејствуваме над политички и се обидуваме да ги обединиме сите Македонци во идејата да го сочуваме името и идентитетот. Не смееме прифатевме промена, не можеме да го ставиме на референдум оти не сме го добиле на референдум. Не смееме ниту можеме да прифатиме промена – рече Русјаков.
Tweet |