Петар Печков
Објавено: петок, 30 март 2018
Денес вработени од Шумското стопанство ,,Бабуна,, од Велес изведоа акција за засадување на млади садници дрва од родот на јасен. На површина од 20 хектари освен вработените учестуваа и стотина ученици од средните училиташ од градот.
Се засадија три илајди садници на јасен. Подрачјето каде се засадуваше беше опожарено пред неколку години и е опустошено - рече Љубенка Попова директорка на ШС ,,Бабуна ,, од Велес.
Таа најавува дека акцијата ќе продолжи и наредната седмица кога ќе се засадат нови 15 хектари. Се засадуваа млади садници во околината на село Новачани, под езерото Младост.
Tweet |