речник контакт

Во оптек, нови ковани пари

Народната банка на Република Македонија ги пушти во оптек кованите пари за колекционерски цели „Владимир”, „Наталија“ и „Олга”

Петар Печков

Кованите пари се изработени од сребро, во овална форма со димензии од 30 х 50 мм, полирани со тампон печатење и вметнат кристал „сваровски“ со димензија 2,6 мм.

Цената на кованите пари изнесува 3.500,00 денари.

На аверсот на сите три ковани пари е претставен ангел наведнат над дете во моментот на крштевањето. Претставени се обоени, златни ѕвезди околу ангелот и три свеќи околу детето. Во средишниот дел од аверсот е прикажан грбот на Република Македонија, а на десната страна, по должината на периметарот, се прикажани натписите „Република Македонија“ и „100 денари“ на македонски јазик, како и годината на издавање „2015“.

Кованата пара „Владимир“ на реверсот има слика на свети Владимир - Владимир I, великиот кнез на Киев и на цела Русија, истакнат политички владетел во античките времиња, кој го прифатил христијанството во 998 година и ја христијанизирал Киевска Русија. На долниот дел од монетата е прикажана црквата на кнезот Владимир во Лужники (Москва) во близина на реката Москва, а на левата страна е прикажан замок - симболот на св. Владимир. Замокот е одделен од својот одраз во водата со името „Владимир“ напишано на македонски јазик. На десната страна е вметнат кристал „сваровски“, кој наликува на зелен јаспис (среќниот камен на св. Владимир).

Монетата „Наталија“ во средишниот дел на реверсот има слика на света Наталија од Никомидија - ранохристијанска маченичка (почеток на IV век), сопруга на маченикот Адријан од Никомидија. На долниот дел е прикажана црквата на светиот маченик Адријан и преподобна Наталија, која се наоѓа во областа Добрјански (Русија), изградена на бреговите на реката Кама. На десната страна е прикажано семејство ежови - симбол на името на Наталија. На левата страна е вметнат црвен кристал „сваровски“, кој го претставува среќниот камен на Наталија (хелиотроп - крвав камен).

На монетата „Огла“ е претставен ликот на светата рамноапостолна Олга, сопруга на киевскиот велики кнез Игор, која била првата владетелка на Русија која го прифатила христијанството. На десната страна е прикажан леопард - симболот на св. Олга, а на левата страна е вметнат жолт кристал „сваровски“, кој го претставува среќниот камен на Олга (килибар).

Народна банка информира дека кованите пари за колекционерски цели се законско средство за плаќање во Македонија.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »