Петар Печков
Објавено: недела, 31 октомври 2021
Во Општина Чашка излезеноста во вториот круг од локалните избори за избор на градоначалник во 18,30 ч. е 65,33 отсто или пред 14 дена беше 61,86 отсто од запишани 6.171 гласачи.
Во Општина Лозово излезеноста во вториот круг од локалните избори е 77,19 споредено со пред две седмици кога бeше 76,59отсто од запишани 1.984 гласачи.
Во Општина Росоман излезеноста во вториот круг од локалните избори е 80,81% споредено со пред две седмици кога беше 71,39 отсто од запишани 3.343 гласачи.
Во Општина Демир Капија излезеноста во вториот круг од локалните избори е 80,37 споредено со пред две седмици кога беше 70,57 отсто од запишани 3.250 гласачи.
Податоците се од Државната изборна комисија и се однесуваат за сите избирачки места во овие четири општини, или за 100 отсто обработени ИМ.
Tweet |