Петар Печков
Објавено: сабота, 27 февруари 2021
Министерството за здравство објави дека денес, сабота во велешко има 26 лица ново заразени со ковид-19, а шестмина се оздравени. Активни се 270 случаи а досега се заразиле 3.452 лица.
Од последиците на корона вирусот, досега починале 111 лица од велешко.
Во велешка Болница се хоспитализирани 32 пациенти, од кои 23 се потврдени позитивни, двајца се сомнителни и седумина се со негативен тест но задржани на болничко лекување. На кислородна поддршка се осум лица. На Инфективно одделение се сместени 26 а на Интерно шестмина пациенти. Испишани се пет пациенти како оздравени со по еден негативен тест.
Tweet |