речник контакт

Во портокалово против семејното насилство врз жената и девојките (фото)

Жените се повеќе се охрабруваат да пријават семејно насилство , но нема средства за работа на шелтер центрите

Петар Печков

Во Велес допатува портокаловиот автобус, дел од кампањата за подигање на свеста против насилството врз жените.   Ви тек  е 16 дена активизам против семејното насилство врз жената што се реализира преку  партнер  Организација на жени од  Велес со Зонтаг клуб  Скопје,  кои се организатори на национална кампања    против  насилството.   Бројките покажуваат дека се повеќе жени пријавуваат насилство врз нив, но за жал државата нема доволно капацитет да ги згрижи жртвите. 

Организација  на жени од Велес има сервис за бесплатна  правна помош, каде се регистрираат сите случаи на насилство врз жената кои се пријавени во полиција и Центар за социјална работа. Наша адвокатка ги застапува  тие жртви.  Има многу случаи, не би споменувала бројки.  Пред две седмици наша сограѓанка е сместена во шелтер центарот во Скопје, еден од четирите во земјава затоа што   во Велес нема услови, каде да се згрижат жртвите.  За  жал во општината  оди во нагорна линија оваа бројка на случаи  - изјави Мирјана Трајковска претседатела на Организацијата на жени    од  Велес.    

Портокаловиот автобус, како карван на жени  патува низ Македонија од 25 ноември светски ден на борба против насилството а завршува на 10-ти декември на Светскиот дена на човекови права.  Финансиски е  помогнат од УСАИД Македонија 

Добро е што излеговме од Скопје, да посетиме што повеќе градови  - Велес  е 13-ти. Целта е да ја подигнеме свеста кај граѓанството,  не смееме да ги   пикаме под тепих  случаите.  Потребно е жените да стават точка и проговорат,  и да ги знаат своите права. Да ги вклучиме и мажите во нашата кампања, но и   државните институции. За жал нема капацитет во земјава да се справиме со ова насилство. Имаме повеќе шелтер центри кои имаат финансиски проблеми. Прашање е како тие да опстанат финансиски  - изјави Маргарита Иванова  од Зонтаг клуб Скопје.

Според неа бројката на случаи  расте поради подигнатата  свест, насилството  не е  било зголемено, туку бројката на жени кои реагирале е зголемена. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »