Петар Печков
Објавено: понеделник, 03 декември 2012
Посебното ОУ Маца Овчарова од Велес, доби Дневен центар за деца со посебни потреби, кој е финансиран од Швајцарската амбасада. Тој на децата кои посетуваат настава од училиштето им нуди помош од негувател, дневна грижа, а децата од нискиот социјален статус се згрижени до попладневните часови, имаат обезбедено и оброк.
Ранливите групи се главна целна група на помош на швајцарската амбасада во Македонија. Очигледно дека е потребна помош на овие деца на возраст од 6 до 16 години, нивна едукација и рехабилитација. Овој центар е голема поддршка и за нивните родители а интегрира деца со различни степени на попреченост. Мора да се надминат предрасудите кон нив, за да може тие да се вклучат во секојдневните општествени текови на животот – рече Стефано Лазарото амбасадор на Швајцарија во Скопје.
Во велешкото посебно ОУ Маца Овчарова учат стотина деца со различни видови на хендикеп, не само од градот и околните села, туку и од Повардарието. Директорката посочи дека се почесто добивале деца ученици со се потежок вид на хендикеп, аутизам, церебрална парализа, мулти хендикеп и затоа е добро што е отворен овој Дневен центар.
Добро е што овие деца, во дневниот центар почнаа да добиваат помош од негувателка која им е неопходна. Згора на тоа на децата од социјално ранливата категорија, тука им се дели и еден дневен топол оброк, ручек. Петнаесет отсто од светската популација има некаква попреченост и затоа е потребно да се надминуваат бариерите кои ги имаат лицата со хендикеп – вели Тања Љапова директорка на ПОУ Маца Овчарова.
Tweet |