речник контакт

Во посета на мијачкото село Ореше

Како се живее во селото населено од миајци, каде мажиет се познати ѕидари и молери и каде (се зборува) дека секое семејство има барем по една пушка дома

Петар Печков

Сместено на падините од планината Козјак, како во орловско гнездо, свиено во густа планинска шума  е селото Ореше. Тоа  заедно со Папрадиште се мијачки остров во центарот на Македонија,  населени пред неколку века, кога мал дел на Мијаци го напуштиле Галичник и во овој дел на центарот на земјава, наречен Азот побарале нов дом.

Иако селата Ореше и Папрадиште се со иста животна приказна за населувањето, тие се чиста спротивност во живеењето. Ако Папрадиште нема жители, ги има  бројни повратници  преку лето, Ореше брои 300 и во  лето и во  зима. Таму има и училиште до четврто, каде настава посетуваат десетина ученици. Има и  селска продавница, каде жителите се собираат на пиво и муабет.

Нема овде некој живот, никој не е вработен, малкумина се пензионери. Младите одат во Скопје работат ѕидари, молери, тие што се тука работата физичка работа низ шумата. Тежок е животот во ова село. Ние сме на крај од светот. Патот води само да нас и тука прекинува. Преку планините се Прилеп и Македонски Брод – вели Ѓоре  Ѓурчиновски газдата на селската продавница.

Бидејќи Ореше  е на 800 метри надморска височина неговите жители немаат можност за земјоделие па тешко се живее. Некој одгледува стока, која за жал и неа ни млекото, нема кој да ги откупи. Велат дека живеат од социјална помош. Машката работоспособна популација заминува од селото и работи како молери, по тоа се познати надалеку во Македонија. Но и покрај се, жителите се верни на Ореше, бракови се склучуваат само меѓусебно, со  потомци на папрадиштани или  од некое  друго блиско село.

Интересно е што алиштата кои се сушат, ги пружираат на јажиња кои се наоѓаат над тесните сокаци, поставени се помеѓу две комшиски куќи. Нешто слично како во италијанските приморски градови. Објаснуваат на шега дека Италијанците од нив го виделе ова, па го презеле. Не се многу разговорливи, поради што и текстот не е многу богат со интересни приказни. Откако страниците на црната хроника ги полнеа настани од селото, за нив селаните избегнуваат да зборуваат, или на се сеќаваат, заборавиле, не помнат, не биле тука, не знаат... Но за секој гостин во селото има добредојде, понуда да се касне нешто што има дома, да се испие пиво пред селската продавница. 

Ако некогаш во селото имало  пет илјади стока, денес едвај да има 500-тина, што кози, јариња, овци, крави. Обидот преку сточарство да развиваат семеен бизнис не оди, бидејќи банките не ги поддржувале со кредити. Селаните живеат и од откуп на печурки вргањ или боровинки, некои пак изработуваат дрвени авани за домашна употреба.

Познати сме по изработката на дрвени  авани. Ги работиме од чам, бука, работата е макотрпна, не може од тоа да се преживее, но се собира некој денар. Доаѓаат од Скопје ни ги купуваат топтан, за пониска цена. Барани се низ Македонија, за пинџур, за таратур за жетварска преку лето – вели Олга Петровска.

Селото е опколено  со густа  шума а до него се стигнува и со воз, во близината е станицата Орешка чука. Во него има две цркви Св.Богородица, Св.Петка и манастирот Св.Ѓоргија кој е на три км оддалеченост.  Обидот за посета на манастирот беше безуспешен, бидејќи и по три часа додека траеше посетата, не се најде кај кого од селаните е клучот од објектот. Според легендата што жителите ја раскажуваат, како и Папрадиште во 16-тиот век го населиле мијаци од Галичник. Прв дошол да живее некој Орешко, така се викал, по кого подоцна селото го добило името Ореше.

До него се доаѓа по асфалтиран, но тесен пат низ густа шума. Тоа е последна дестинација понатаму нема каде да се оди, поради што и селото заостанува. Од Велес е оддалечен 60-тина километри а Прилеп им е тука, преку планина а од Македонски брод ги делат неколку километри, само низ планинска шума. Селаните се гордеат со народната носија која љубоморно ја чуваат во векови. Нејзината цена на пазарот се мери во стотици евра па и покрај тоа не ја продаваат туку ја чуваат дома, како оставина за следните генерации .
      

Ореше последните неколку години ги полнеше странците на црната хроника по весниците и затоа е толку актуелно. Последниот настан е од пред некоја седмица кога на селската слава Св. Богородица имало масовна крвва  тепачка учествувале повеќе од триесетина лица, не се знаело кој кого тепа но и пукање. За орешани се вели дека секое семејство има по неколку пушки, на што тие само одмавнуваат и се насмевнуваат.

Тука се случија неколку тешки кривични дела, за кои се осомничени токму жителите на селото. Нападнат, претепан и ограбен поштар со чанта полна пари од пензиите. Изгорена до темел селската продавница и здравствената амбуланта. Убиството на старецот Милошевски кој беше застрелан во куќата додека подготвуваше вечера. Севкупно десетина лица од селото се обвинети, некои и осудени за овие дела.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »