речник контакт

Во последната седмица од февруари во Велес 289 заболени од грип

Се намалува бројката на заболени од грип. Минатиот месец имало 1.460 лица со ова сезонско заболување

Петар Печков

Изминатата седмица во Велес регистрирани се 289 лица заболени од грип. Ова е бројката која докторите од примарното здравство ја пријавиле до ЈЗУ  Центарот за Јавно здравје. Најголем број заболени од грип, 210 пациенти  се во возрасната  група  од 15 до 64 години.

 Во истиот период  52 лица заболени биле на лекување во Инфективното одделение при велешката Општа болница. Тие биле болнички згрижени од последиците на грипот, најмногу пневмонија  за што е потребен  дополнителен медицински третман.  

Споредено со  третата седмица од февруари кога имаше 625 заболени од грип, според бројките може да се очекува дека  болеста стивнува.  Бројките покажуваат дека во месец февруари во Велес имало 1.460 заболени од грип, што е драстично повеќе од јануари  кога  биле регистрирани 27 заболени од грип

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »