речник контакт

Во прва година во средните училишта во Велес, запишани 572 ученици, пополнети 78 отсто од слободните места

Кое училиште колку слободни места има, што е пополнето

Петар Печков

Во двете пријавувања од првиот уписен рок во прва година во четирите средни училишта во Велес, запишани се вкупно 572 ученика, а имаше 735 слободни места. Или пополнети се 78 отсто од местата.
 
Во Државното средно училиште Коле Неделковски запишани во прва година се 271 ученик а имаше слободни 295 места.  Слободни места има за ЕКТА, техничар за компјутерско управуавање и електроника и телекомуникација.
 
Во Гимназијата Кочо Рацин има запишано 111 ученици, од нив 23 се во паралелката која има настава на албански јазик и 16 во билингвалната паралелка која наставата ја одржува на англиски јазик. Во ова училиште имаше слободни 136 места во прва година.
 
Во Хемиското училиште Димитрија Чуповски има запишано 108 ученици а пополенти се паралеките за фамрацевт/лабараторски техничар. Во ова училиште имаше 177 слободни места.
 
Во економското училиште Јовче Тесличков имаше слободни места за  127 ученици а запишани се 82, има уште 45 слобдни места.

Во Велес работи и спортската паралека, со седиште во Скопје, која настава одржува во просториите на Гимназијата. Таму годинава се запишале 13 ученици, паралелката е за фудбал. 
 
Пријавување на учениците ќе се врши  на 21 август од 00,00 до 17,00  часот. Ранг листата на запишани ученици се објавува на 22 август 2025 година до 10 ч.

АНКЕТА »

Дали имаше реални попусти за „црниот петок“?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »