Петар Печков
Објавено: понеделник, 11 јули 2022
Од 749 слободни места во прва година средно, во четири училишта во градот, пополнети се 497 места а слободни се 252.
Во трите пријавувања во јунскиот уписен рок во „Коле Неделковски“ запишани се 236 ученици а имаше 305 слободни места, во Хемиското „Димитрие Чуповски“ запишани се 136 ученици а слободни беа 186 места, во Економското „Јовче Тесличков“ запишани се 48 ученици а слободни беа 93 места и во Гимназијата „Кочо Рацин“ запишани се 77 ученици (61 ученик на македонски наставен јазик, 16 на албански наставен јазик) а имаше слободни 170 места, од кои 34 беа за настава на албански јазик. Ова се податоци кои се добиени на поставеното прашање до Општина Велес.
„Според законскиот максимум на ученици кои што можат да се запишат во една паралелка -34 ученика, пополнети се три паралелки и двете во ССОУ Коле Неделковски електротехничар за компјутерска техника и автоматика и една паралелка - техничар за транспорт и шпедиција. Во другите три средни општински училишта, но и во ССОУ Коле Неделковски, во некои паралелки постигнат е бројот на минимум запишани ученици, но истите можат да запишуваат до исполнување на максимумот од 34 ученика во една паралелка“- соопштија од Општина Велес.
Во средните општински училишта во прва година вкупно има уште 252 слободни места за упис на нови ученици,за последниот уписен рок кој е закажан на 22 август.
Деветто одделение во Општина Велес завршија 434 ученици. Во соседните општини кои гравитираат кон Велес, Чашка -104, Лозово -22 и Градско- 38, завршени се вкупно 164 деветто одделенци. Или вкупниот број е ученика е 598 а имаше слободни места за упис 749.
Во основните општински училишта деца родени 2016-та година, треба да се запишат 523 потенцијални првачиња.
Tweet |