Петар Печков
Објавено: недела, 14 јануари 2024
Крводарителите од Велес на првата крводарителска акција во 2024 донираа вкупно 44 крвни единици. Тие ја продолжија хуманоста и во Новата година, соопштија од Општинската организација на Црвен крст Велес.
Акцијата заеднички беше реализирана од Црвен крст на РСМ Општинска организација Велес и Институтот за трансфузиона медицина од Скопје, а се одржа денес, недела, во Театарот Јордан Хаџи Константинов Џинот.
Според податокот од Станицата за трансфузиона медицина од Велес, на истекот на ланската година и на почетокот на оваа, биле собрани идентичен број крвни единици по 34. Таму крв се дарува во понеделник и четврток а овие крвни единици, по 34 биле собрани на 28 декември 2023 и на 4 јануари 2024.
Tweet |