Петар Печков
Објавено: среда, 20 јануари 2021
Во првата годинашна крводарителска акција одржана во Велес, денес собрани се 65 крвни единици. Од нив 16 се од жени и четири лица прв пат дарувале крв. Акцијата се одржа во просториите на Ликовен салон, организирана од Општинскиот Црвен крст Велес и Институтот за трансфузиона медицина од Скопје.
Секретарот на Општинскиот Црен крст Велес, Орце Николов информираше дека минатата година во велешко, заедно со општините Чашка и Градско биле собрани 3.390 крвни единици. Со ова планот е реализиран со 182,16%, реализирани биле 18 крводарителски акции.
Годишниот план за лани беше 1.861 крвна единица а на прво место во Македонија е ОО на Црвен крст Виница. Претходно две години крводарителите од велешко беа најхумани во Македонија.
Tweet |