Петар Печков
Објавено: вторник, 04 јуни 2024
Во првото тромесечие од годинава во општина Велес биле склучени 66 бракови. Во истиот период имало 44 регистрирани разводи. Ова се податоци кои ги објави Државниот завод за статистика, за првиот квартал од годината.
За потсетување Управата за водење на матична евиденција Велес во 2023 има регистрирано 416 склопено брака, или има зголемување во однос на претходните години
Во текот на ланската 2023 година бројот на разводи случени на територијата на Основен суд Велес заведени се вкупно 149 тужби за развод на брак, или има намалување во однос на претходните години.
Tweet |