Петар Печков
Објавено: среда, 20 јуни 2018
Според податоците добиени од директорите на средните училишта во Велес од 1.088 слбодни места, половично е исполнет бројот на ученици кои ќе се запишат во прва година.
Најмногу интерес завршените деветто одделенци покажале за упис во средното училиште ,,Коле Неделкоски,, каде се пријавиле 229 ученика за 408 слободни места. Од нив најмногу пријави имало за компјутерски техничар и за готвач.
Во Хемиското ,,Димитрија Чуповски,, за 238 слободни места пријавени се 133 ученика а дури 70 пријави се за медицинските паралелки.
Во Гимназија Кочо Рацин има 238 слободни места а стигнале 124 пријави за упис во прва година од кои 13 се за учениците во албанската паралелка.
о Економското училиште ,,Јовче Тесличков,, има 238 слободни места а пријавени за упис во прва година се 48 ученици а најмногу интерес има за струката економски техничар.
Во четирите средни училишта во Велес, во прва година има 1.088 слободни места а основно завршуваат 490 деветто одделенци. Во Велес ќе се запишат и дел од завршени основци од општините Градско, Чашка и Лозово а дел од велешките завршени основци ќе се запишат во средни надвор од градот.
Второто пријавување и запишување на учениците во прва година средно ќе се врши на 28 јуни 2018 година, а резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 29 јуни 2018 година.
Tweet |