Петар Печков
Објавено: петок, 03 јули 2020
Во прво одделение во велешките основни училишта пријавени се да почнат да одат на училиште 444 ученици.
Најмногу од нив се во ОУ Васил Главинов 174, од кои 54 се во подрачните училишта во Бузалково -29, Клуковец и Сливник по 8, Превалец 6 и во Раштани три првачиња. Потоа следи ОУ Блаже Конески со 105, ОУ Панко Брашнар со 70, 13 се во селата Караслари 8, Башино село три и во Чолошево две првачиња. Во ОУ Св. Кирил и Методиј има 62 пријаени ученици за прво одделение а шест од нив се во подрачното училиште во Црквино, додека во ОУ Рајко Жинзифов од Горно Oризари има 25 првачиња а во ОУ Стојан Стојчевски Буридан од Иванковци има осум.
За споредба во штотуку завршената учебна 2019/2020 година запишани биле 509 првачиња. Ова се податоците добиени од Општина Велес, по поставеното прашање од ТрМР колку првачиња се пријавени за упис во прво одделение во учебната 2020/2021 година, чиј рок беше до крајот на претходниот ден од претходниот месец, 30-ти јуни.
Потсетување дека во 2011-тата прво одделение во велешко учеле 410 деца, додека во 2010-та имало 559 првачиња. Не така одамна 2018-та имало 553 првоодделенци, а во 2017-та 470 ученици. Или бројките од година в година варираат.
Учениците ќе бидат запишани откако ќе биде извршена вакцинацијата од МРП, која се уште не е почната а според најавите од локалната власт, децата документот треба да го достават до почетокот на учебната година.
фото архива ТрМр
Tweet |