Петар Печков
Објавено: понеделник, 03 септември 2018
Започна учебната 2018/19 година. Во седумте основни училишта во Општината и четирите средни, на училиште во велешко тргнаа 6.673 ученика основци и среднисти, или 60 ученика помалку од лани. Убавата вест е што годинава има 553 прво одделенци што е далеку повеќе отколку ланските 470 или за 83 повеќе, но помалку од пред две години кога имало запишано 580 ученика во прво одделение.
Најдолгиот пат почнува со првиот чекор. За првачињата ова е посебен ден, ден што ќе го памтат во текот на целиот живот. Им посакувам да имаат добар успех не само во учењето туку и во воспитувањето. Радувајте се на овој ден, затоа што ова е Ваш ден на кој ќе се сеќавате целиот свој живот. Бидете одговорни во извршувањето на сите задачи, затоа што на тој начин ќе бидете наша најголема гордост - кажа градоначалникот Аце Коцевски.
Централното одбележување н почетокот на учебната година се случи во ОУ Блаже Конески. Директорот на училиштето ги поздрави прво одделенците.
Секоја година големата училишна врата се отвора за новата генерација ученици. Денес завршува безгрижноста, започнува процесот на учење и собирање на знаење. Буквите и бројки стануваат секојдневие на овие деца - рече Јованче Манасков.
Почетокот на учебната година немаше забележани проблеми во наставата.
Добро започна учебната година. Се уште не е завршена постапката за спојување на двете училиштата ЈКК Џинот и Благој Кирков, чекаме одлука од Министерството за образование. Имав разговор и со Советот на родителите во ОУ во Иванковци. Тоа што сакавме да го постигнеме го одложивме за следната учебна година. Имаме намалување во континуитет на бројот на ученици, посебно е тоа изразено во Гимназијата, по укинувањето на спортската паралелка. Проблемот е што во минатото се вработувале просветен кадар на определено време и при трансформацијата не се водело грижа дали имаат 20 часови и директорите да гарантираат во следените пет години да имаат обезбедено часови за настава согласно. Или бројот на ученици секаде се намалува а бројот на професори останува ист. Така во двете ОУ Џинот и Благој Кирков бројот на ученици е намлен споредбено за последните 10 години за 306 а бројот на наставен кадар е ист - рече Коцевски.
Tweet |