речник контакт

Во пресрет на манастирската слава на Св Димитрија

Во пресрет на Источен петок Балаклија, славата на манастирот Св.Димитрија, шпто треба да посетите четврток и петок. Не заборавете на параклисите Св.Недела, Св. Никола, Св петка, црквата Св Јован. Одете и до Црн камен.

Петар Печков

 На самиот излез од Велес, од десната страна на самиот пат кој води кон Градско, се наоѓа манастирот Св. Димитрија, во близина на Крзнарницата.   Овој храм бил пет векови закопан се до 1855-та година. Таа е еднокорабна градба со тристрана апсида од источната надворешна страна. На западната страна се наоѓа нартекс над кој се издигнува кула со камбанарија - поради која е карактеристична и се издвојува со оваа своја посебност од другите средновековни цркви во Македонија.

Црквата е градена од делкан камен, но за да се постигне ефект на полихромија, користена е тула со спојки од малтер. Самите фасади се оживеани со орнаменти и тоа: шаховски полиња, меандри и запци. Страните на апсидата се расчленети со ниши и аркади, а венецот во горниот дел е запчесто изведен од тули. Влезовите и прозорците од северната страна се асиметрично поставени и завршуваат полукружно. Поради сите овие карактеристики, оваа манастирска црква посветена на Великомаченикот и воин Димитрија, се смета дека истата е изградена во XIV век.

Велешани ја посетуваат четврток попладне и навечер спроти Источен петок- Балаклија, кога е нејзиниот патрон.Овој ден велешани масовно ги посетуваат и бројните околни цркви: Св.Петка,Св.Никола, Св.Недела.
Кога сте тука убаво би било да ја посетите црквата Св. Јован позната како Маркова меана, која е лоцирана во дворот на Крзнарницата Димко Митрев и многумина ја сметаат можеби за најстарата црква во градот.


Месноста Црн Камен е во близина на Велес и таа е на картите на сите кои ја истражуваат Македонија, според нејзиното вакавско значење. Водопадот кој е висок педесетина метри, според верувањата има исцелителна моќ. Според народните верувања тука се доаѓа за здравје и ксмет.    Месноста Црн камен се посетува првиот петок после Велигден и во наредните 40 дена се до Спасовден. Тука доаѓаат луѓе од цела Македонија, кој како разбрал за неговата моќ, тука иде да побара спас.

Има бројни примери на брачни парови кои подолго време немале рожба, по посетата на оваа месност истото да го добијат. Според народното раскажување месноста Црн Камен името го добила по една црна случка која од пред 1500 години. Многу одамна тука живееле попови и при доаѓањето на освојувачите сите тие биле заклани заедно со монасите. Во прилог на ова тврдење е и фактот што стариот град Вила Зора чии тврдини се уште стојат, е во непосредна близина на Црн Камен. Се верува дека тука имало храм каде живееле свештениците кои го опслужувале градот а кои биле жртви на непознати напаѓачи.

Црн камен е на пет километри јужно од Велес, после манастирот Св.Димитрија сместен во пазувите на ридовите кои го сокриваат од очите на минувачите. До него води пристапна патека. Која започнува кај Виларови бавчи, цементирана е, и треба добра кондиција за искачување, бидејќи е високо и тешко достапно. Овој локалитет е на картата на значајните македонски места, кои треба да се посетат и тука навратуваат и странци кои прочитале за оваа природна убавина.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »