речник контакт

Во пресрет на новата туристичка сезона, се открија мозаиците во Стоби (фото)

Откако повеќе години не беше достапен за јавноста, откриен е и мозаикот од Куќата на Партениј

Петар Печков

Со затоплувањето и убавото време, во археолошкиот локалитет Стоби се отворија мозаиците, кои преку зимата се прекриени со песок. Тоа на посетителите им  дава можност да уживаат во археолошкото богатство на градот, кој живеела на устието меѓу реките Црна и Вардар. По долго време, повторно е откриено уште едно скриено богатство на Стоби, најавија од НУ Стоби.

„Во Куќата на Партениј, пред посетителите повторно се отвора мозаик што со години беше недостапен за јавноста. Оваа ретка можност нè враќа во доцноантичко Стоби, каде уметноста и секојдневието се испреплетуваат во камен и боја“ – соопштија од установата.

Од раководството порачаа дојдете во Стоби, и откријте дел од приказната што долго време била скриена, сега повторно оживеани пред вашите очи!

фото: НУ Стоби

АНКЕТА »

Дали на Велес му се потребни камерите за „безбеден град“?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »