Петар Печков
Објавено: петок, 24 декември 2021
Во активностите за спречување на продажба на пиротехника, пред претстојните празници, велешката полиција во продавница на велешанец, пронашла петарди во поголемо количество.
„Денеска, 24-ти декември, постапувајки по планот за откривање и санкционирање на продажба на пиротехнички средства, по претходно добиени сознанија, во продавница во Велес, сопственост на С.Ч.(50) пронајдени се и запленети околу 2200 парчиња пиротехнички средства. С.Ч. е лишен од слобода“ - соопшти Верољуб Додевски, портпрол ан СВР Велењс.
По целосно документирање на случајот од полицијата најавуаат дека ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
Tweet |